Ентони Џошуа ги разочара фановите, откри кога повторно ќе се врати во рингот

Повторно сме на пат кон врвот. Ентони сака да стане светски шампион по трет пат во кариерата. Еј Џеј треба да има три борби оваа година. По Френклин би следел меч против Дилиен Вајт некаде во текот на летото, а на крајот на годината борба против Дионтеј Вајлдер – изјави пред неколку месеци промоторот на Џошуа, Еди Херн.

Поранешниот светски шампион со победа се врати во рингот по двата порази во низа од Александар Усик.

Британскиот тешкаш го победи Американецот Џермејн Френклин на неодамнешниот настан во лондонската О2 арена, но на тој меч се повреди.

Сите очекуваа дека Еј Џеј ќе бара борба против Дилиен Вајт во текот на летото и потајно се надеваа на борба против Тајсон Фјури.

Но, се чини дека Ентони ќе паузира подолга поради повредата.

„Мојата следна борба е во декември. Не е идеално, но сето тоа е дел од мозаикот“, напиша Ентони Џошуа на Инстаграм.

Иако не е наведена причина зошто Еј Џеј ја одложил својата следна борба, се чини дека Џошуа го повредил носот во борбата против Френклин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО