Ја губеше секоја рунда, а потоа брутално го нокаутира противникот (ВИДЕО)

Боксерот во супервелтер категорија Брајан Мендоза со фантастичен нокаут извојува голема победа и привремена титула, откако ја загуби секоја рунда.

Мендоза покажа како се може да се сврти за миг, и од пораз до победа.

Леон Едвардс направи нешто слично кон крајот на минатата година кога го нокаутира Камару Усман во нивната прва борба за титулата на УФЦ во велтер категорија.

На неодамнешниот реванш во Лондон Англичанецот повторно го совлада Усман, овојпат на поени и ја одбрани титулата.

Минатиот викенд, непоразениот Себастијан Фундора ја побара 22-та професионална победа против Брајан Мендоза, за да ја освои привремената титула на ВБЦ во супервелтер категорија.

Фундора веднаш се покажа како технички подобар борец од Мендоза, доминирајќи во секоја од првите шест рунди.

Тој убедливо водеше на сите картички на судиите и се чинеше дека си го трасираше патот до нов триумф.

Но, се се смени во седмата рунда кога Брајан брутално со два одлични удари го нокаутира Леон, кој само седна на средината на рингот.

Судијата почна да брои, но веднаш беше јасно дека Фундора не може да ја продолжи борбата.

„Знаев дека губам, но не сакав да се откажам. Можеш да ме тепаш колку сакаш, но ако не ме убиеш, ќе се вратам. Никогаш нема да се откажам, а секој пат станувам подобар“, изјави 29-годишниот Брајан Мендоза и додаде:

„Премногу се отвори и решив да нападнам, знаев дека само така можам да го свртам мечот. Ова е мојот момент и мое време. Предвидував се што ќе се случи во моите претходни две борби и како тие ќе завршат“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО