АктуелноБоксПрофесионален

Ентони Џошуа би можел да го има својот камбек против Тони Јока

Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа последен пат се бореше во септември минатата година кога загуби од Даниел Дубоа со брутален нокаут во петтата рунда на преполниот Вембли.

Пред неколку месеци имаше мала операција на лактот, добро се опоравува и наскоро треба да почне да се подготвува за враќањето во рингот, што се очекува да се случи до крајот на годината.

По двата порази од Александар Усик, Џошуа повторно ја започна победничката серија.

Се чинеше дека е во добра форма со победи против Џермејн Френклин, Роберт Хелениус, Ото Валин и Френсис Нгану, но потоа дојде поразот од Дубоа, кој речиси го врати на почеток.

Тој го најави своето враќање и желбата повторно да се обиде да ја освои светската титула. За дуел против Тајсон Фјури се зборува долго време, но нивниот меч во моментов е тешко да се организира, бидејќи Кралот на Ромите официјално е пензиониран.

Меѓу потенцијалните противници на Џошуа беше американскиот нокаутер Дионтеј Вајлдер, додека во последно време многу се зборуваше за можна борба против популарниот јутјубер Џејк Пол.

Поранешниот европски шампион Спенсер Оливер се осврна на гласините дека Еј Џеј би можел да се бори против Французинот Тони Јока.

„Таа борба е многу можна. Двајца олимписки шампиони еден против друг. Одлично сценарио“! рече Спенсер Оливер и додаде:

„Тони Јока се обидува да ја оживее својата кариера по тежок период. Има три победи по ред, од кои последната ја извојува во мај. Ја оживува и својата кариера, исто како Еј Џеј. Има смисла, нели? Би била одлична и привлечна борба. Би сакал да го видам тој меч“.

Ентони Џошуа го освои златниот медал во 2012 година на Олимписките игри во Лондон, а Тони Јока беше победник на Игрите четири години подоцна во Рио.

Јока тогаш во полуфиналето го победи Филип Хрговиќ, а во борбата за златото беше подобар од Џо Џојс.

Францускиот борец има три победи по ред против Амин Бусет, Ламах Григс и Арслан Џалџиев, кого го победи пред два месеци.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON