Ентони Џошуа на 10 декември ја брани титулата против Ерик Молина

Entoni Dzosua drzi pojas nasmean

Ентони Џошуа ќе ја брани титулата на ИБФ во тешка категорија против Ерик Молина во Манчестер на 10 декември, откако пропадна мечот со Владимир Кличко.

Џошуа, кој е непоразен во 17 професионални мечеви, беше блиску до дуел за обединување на титулите во тешка категорија со Кличко, меѓутоа не се дојде до договор поради тоа што ВБА федерацијата не потврди дека ќе се боксува за нивната титула.

34-годишниот Молина го загуби претходниот меч за титула против ВБЦ шампионот Деонтеј Вајлдер во 2015 година.

„Очекувам најтежок меч во кариерата и подготвен сум за војна. Го гледав одличниот меч на Молиан со Вајлдер, а во последниот меч го нокаутираше Томаш Адамек. Нема да биде лесно“, изјави 27-годишниот Џошуа, кој во првата одбрана на титулата во јуни го нокаутираше Доминик Брезил во седмата рунда.

Кличко не се откажува од мечот со Џошуа и изјави дека најверојатно ќе боксува со него во март или април.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО