Ако сакате врвни резултати, давајте им значење на овие методи за работа

avdil-salihi

За подготовка на еден спортист (јуниор – сениор) за високи достигнувања, како што се европските, светските и олимписките игри, потребно е да се состави стручен тим, кој ќе работи со поединец или со однапред избран спортист. Во оваа група задолжително треба да биде вклучен тренерот на клубот и репрезентативниот, како и да има поддршка од спортски психолог, кондиционален тренер, спортски лекар, физиотерапевт, нутриционист и финансиски подржувач. Некој ќе праша зошто сите овие луѓе, кога може товарот да го сноси само тренерот, како што, за жал, тоа го практикуваат многу наши клубови. Затоа ние ќе ви дадеме образложение.

Тренерот

Спортистот за да постигне врвни резултати мора пред себе да има искусен и образован тренер со завршен факултет за физичко образование и спорт. Тренерот некогаш треба да ја игра и улогата на родител, за полесно да влезе и во карактерот на неговиот спортист, со тоа да ги најде слабостите и предностите. Исто така, мора да потенцираме дека тренерот треба да се почитува, да биде комуникативен и голем професионалец во работата што ја врши.

Спортски психолог

Психологот во голема мера влијае на спортистот, особено во моментите кога истиот е во спортска и емоционална криза. Потоа, психолог влијае и на мотивацијата, како и на дисциплината на самиот спортист. Затоа, не случајно, големите тимови не можат да го замислат развојот на спортот без оваа гранка.

avdil-salihi-so-borac

Кондиционен тренер

Кондициониот тренер, исто така има големо значење во спортот, затоа што мора да се признае дека без физичката подготвеност не може да се постигнат врвни резултати во кој било спорт. Вежбите во оваа област знаат често да бидат премногу монотони. Постојат начини на работа кои со спортски реквизити и алатки прават вежбите да не се монотони, тукуе посодржајни, но во исто време ќе имаат и поголем ефект во целокупниот тренажен процес. Тренерот постојано тгреба да прави тестови за да види како неговиот спортист се развива и како одредена програма влијае на него, се додека се дојде до целта што однапред ја планирал.

Спортски лекар

Спортскиот лекар има големо влијание врз здравствената контрола на секој спортист. Тој  секогаш треба да прави прегледи заради можните повреди, лекувањето и откривање тона недостатокот на витамини и протеини кај спортистот. Преку него се даваат упатства до нутриционист, кој се занимава со детали на исхрана и недостатоци, како и правилна исхрана на спортистот.

dinja

Спортски нутрицист

За подготовка на еден спортист за значаен настан, секако, големо значење мора да и се даде на исхраната. Така, за овој проблем се грижи nutricist, кој ќе работи во зависност од упатствата или резултатите што се произлезени од спортскиот доктор, со порано направените прегледи на спортистот и анализа, главно добиени од крвта. Истиот треба да се снабдуваа со соодветната исхрана, богата со протеини, влакна и витамини. Целта е да се исполнат сите барања на спортистот за да има здраво тело, па дури и побрзо да се опорави за интензивните подготовки што го очекуваат. Треба да споменеме дека спортистот во подготвителниот циклус согорува повеќе протеини и витамини, затоа треба да ги има во препорачаната количина, ако сакаме врвни резултати.

Финансиска поддршка

Ништо не би било изводливо од тоа што го спомнавме погоре ако  нема финансиска поддршка. Тука имаме институционалната поддршка, која, нормално, ќе биде најдобра за секој натпреварувач и поддршка од различни бизнисмени. Секој спортист има потреба да настапува на разни натпревари, затоа што само така ќе добива  искуство, ќе ги запознава евентуалните противници за големите натпреварувања, како што се европските, светски и олимписките игри.

Авдил Салихи – дипломиран професор за физичко образование и спорт и тренер по борење.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО