Ентони Џошуа ќе ја брани титулата против Доминик Бријзил

Entoni Dzosua

Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа, ќе се бори со Доминик Бријзил (17 победи, 15 КО) во првата одбрана на титулата, која ќе се одржи на 25 јуни во Лондон.

Претходно овој месец в.д. олимпискиот шампион во втората рунда го нокаутираше Чарлс Мартин и го освои шампионскиот појас во само 16-тиот меч на професионалниот ринг. Сега 26-годишниот Британец нема трпение да се врати во салата „О2“ во англиската престолнина и да го брани пред домашната публика.

Bijzdil

„Не можам да ви кажам колку сум возбуден што повторно ќе се борам, особено во О2, која ја претворив во моја тврдина. Тренерите мои го следат Бријзил долго време. Сигурен сум дека судирот ќе ни биде експлозивен. И двајцата сакаме да напаѓаме и да нокаутираме, а и двајцата немаме порази како професионалци и имаме олимписко минато. Сакам да ја одбранам титулата со стил и да го продолжам походот кон обединувачкиот меч, како очекуваат сите“, изјави Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО