Енес Смаилагиќ стигна до 1/4 финалето во Слазбург!

Enes TE

На првиот ден од натпреварите во Карате 1 Премиер лигата во Салзбург-Австрија, од сите наши натпреварувачи најдалеку стигна Енес Смаилагиќ (Цветан Димов) во категоријата до 75 килограми, до четвртфиналето каде што беше совладан од Италијанецот Мишел Мартина со 2-0.

Инаку, во осминафиналето се сретна со Иво Цветковски од Металург, а борбата е регистрирана со резултат 0-0, што значи дека можеби имал некоја повреда каратистот од Автокоманда. Претходно Смаилагиќ ги совлада Петр Кубичка од Чешка со 2-0 и Перлуиџи Грималди од Италија со 2-1. Додека Цветковски беше подобар од Александру Бадриу Костин од Романија и Веселко Бркиќ од Босна и Херцеговина со 3-0 и 2-0.

Во оваа категорија настапија и Халит Османи (Макпетрол), кој имаше една победа и еден пораз. Го победи Мачиеј Богушчиевски од Полска со 2-1, а доживеа пораз од Кујтим Бајрами од Швајцарија со судиско изјаснување при резултат 1-1. Азис Исмаил (Металург) претрпе пораз од 3-1 во првото коло од Мишеле Хасани од Италија. Мурсел Мисини (МКФ) го победи Италијанецот Пјерпаоло Бонлада 6-0, а загуби 1-0 од Алтон Браун од Англија. Дејан Црничиќ (Кеикс) со 4-0 е совладан од Словакот Матуш Лиесковски. Мишеле Мартина (Италија) денска направи 2-0 противнашите каратисти, бидејќки во првото коло го совлада Петар Заборски (Макпетрол) 3-1. Рене Смаал (Холандија) со 5-2 го победи Тодор Ристески (Спорт 94).

Димитар Илиевски (Ботони) во категоријата до 67 кг забележа победа во првото коло против Лука Белфи од Јужна Африка од 2-0, но во вториот настап беше поразен од Мирза-Бек Тебуев (Русија) со 4-0. Адил Мехмед (Металург) со 2-0 го победи Ураинецот Остап Хладун, но со 1-0 загуби од Лука Ретенбахер од Австрија. Сепак, доби шанса во репасажот против Словенецот Младен Раилиќ, која не ја искористи, поразен е со 3-1.

Јунакот од Кобург-Германија, Томе Тодоровски (Макпетрол) стартуваше со победа против Жорди Валс од Холандија 0-0, но во второто колоСрбинот Стефан Јокиќ го совлада со 4-2.

Во категоријата до 84 кг Орхан Билали (Макпетрол со 1-0 е поразен од Украинецот Јарослав Хоруна.  Натпреварите во оваа категорија се уште не се завршени.

Моника Стефановска (-68 кг, Макпетрол) имаше 2-0 победа и пораз. Ја победи Леа Левасеур од Франција, а беше поразена од Анамарија Крижан (Хрватска).

Во кати во поединечна конкуренција Пуликсенија Јовановска (Ронин) –Хејди Ортиз (Перу) 2-3, Вивиана Ботаро (Италија)-Маријана Димоска (Ронин) 5-0 и Емири Ивамото (Јапонија)-Мишела Димокса (Ронин) 5-0. Маријана доби шанса во репасажот, но загуби со 3-2 од Марија сол Романи (Перу).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО