Енди Руиз во јули ќе боксира против Тајрон Спонг

Поранешниот светски шампион во бокс, Енди Руиз Јуниор извесно време се поврзуваше со Дионтеј Вајлдер или Џозеф Паркер, но американско-мексиканскиот борец ја прифати борбата против Тајрон Спонг.

Многумина се разочарани од изборот на Енди за следен противник, бидејќи тој е врвен кикбоксер, а не боксер.

Руиз и Спонг ќе боксираат на 16 јули во Мексико на настан организиран од Трилер промоушн.

Организацијата до неодамна организираше музички настани, а на крајот на 2020 година организираше егзибициски меч помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор.

Тајрон Спонг е легенда на боречките вештини, а негов главен спорт е кик боксот во кој се докажа како еден од најдобрите во полутешка категорија.

Но зад себе има и 14 непоразени боксерски мечеви. Во 13 борби славеше со нокаут.

Последната борба во рингот ја имаше во август 2019 година, кога со прекин во втората рунда го победи Џејсон Минда од Еквадор.

Спонг настапи на настанот за промоција на Хабибс Игл во јануари оваа година и загуби со прекин во втората рунда од Сергеј Харитонов.

Руиз боксираше двапати во 2019 година против Џошуа, во јуни со прекин ги освои титулите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, а потоа ги загуби појасите во реваншот во декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО