Вадим Немков го брани појасот на Белатор против Кори Андерсон

Мечот меѓу А. Ј. МекКи и Патрици Питбул во  петок го предводи настанот Белатор 277 што ќе се одржи во Сан Хозе.

Нивниот судир ќе биде борба за титулата во перо категорија.

Но, посебно внимание привлекува уште еден дуел, а тоа е борбата за титулата меѓу Вадим Немков и Кори Андерсон за шампионскиот појас во полутешка категорија, кој исто така е во финалето на Гран при турнирот.

Победникот од тој меч дома си оди со милион долари.

Кори го победи Рајан Бадер со нокаут во првата рунда во полуфиналето пред половина година, а претходно го победи Довлетџан Јагшимурадов.

Немков до финалето стигна со победи против Фил Дејвис, а потоа во полуфиналето го победи Јулиус Англикас.

Моментално има девет победи во низа, а Андерсон три.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО