Марлон Мораеш објави крај на кариерата: Ќе им помагам на младите борци

Бразилскиот ММА борец, 33-годишниот Марлон Мораеш (23-10-1), одлучи да стави крај на кариерата по четири порази во низа.

Меџик ја загубија последната борба пред еден месец на настанот УФЦ Фајт најт во Лас Вегас со нокаут во првата рунда против Сонг Јадонг.

Тоа беше негов петти пораз во последните шест борби и сите ги загуби со нокаут.

Мораеш ја започна кариерата во боречките вештини во 2007 година кога се натпреваруваше во ММА и тајландски бокс.

До 2010 година имаше седум борби во тајландскиот бокс и шест победи, додека четири пати славеше во седум натпревари во ММА.

Оттогаш се посвети само на ММА борбите, а имаше 12 борби во организацијата ВСОФ и исто толку победи.

Дебитираше во УФЦ во 2017 година против Рафаел Асунца и го загуби тој меч, но потоа дојде до победи против Џон Додсон, актуелниот шампион Алџамејн Стерлинг, Џими Ривера и му се реваншира на Рафаел.

По поразот од Хенри Сехудо, сепак, го победи поранешниот шампион Хозе Алдо.

„Сакам да им се заблагодарам на сите, особено на Шон Шелби, Дана Вајт и на организацијата на УФЦ за многуте можности што ми ги дадоа.

Ќе продолжам да бидам дел од овој спорт помагајќи им на младите борци и пријатели“, напиша Марлон Мораеш во пораката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО