Енди Руиз му ја расцепил усната на Паркер

ruiz-parker

Идните ривали за титулата на Светската боксерска организација во тешка категорија Енди Руиз – Јуниор (Мексико) и Џозеф Паркер (Нов Зеланд) веќе се имат сретнато во рингот,но на тренинг. Тие имаа три спаринг мечеви во 2013 година. На првиот меч Мексиканецот го разнишал својот иден противник и му ја расцепил усната.

„Се сеќавам дека кога имавме борба во 2013-тата, тој имаше голема моќ. Ми ја разби устата и не можев да јадам околу три дена. Поседува и искуство. Свесен сум дека ако направам добар тренинг камп, никој не може да ме победи“, признава Паркер.

Руиз потврди ја случката.
„Направивме неколку добри размени на удари. Тој беше доста брз. Ми се допадна како прави комбинации. Успеавт прв да го погодам. Го разнишав прилично добро“, вели Руиз.
Во моментов течат завршните преговори за средбата. Се очекува мечот да се одржи во декември или во почетокот на 2017-тата. Шампионскиот појас беше испразнет од Тајсон Фјури откако ги призна своите ментални проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО