Енди Руиз: Ќе умрам за победата (ВИДЕО)

Шампионот во бокс во тешка категорија, Енди Руиз не се грижи за она што некои го нарекуваат „подобра верзија на Ентони Џошуа“.

Џошуа вчера покажа многу потенка фигура, во пресрет на отворениот тренинг во Саудиска Арабија.

Овој викенд двајцата боксери ќе ги одмерат силите во реваншот во Саудиска Арабија.

Во првиот меч во јуни Руиз четири пати го праќаше во нокадаун Џошуа, а во седмата го нокаутира.

Мексиканецот и неговиот тим направија стратегија и сметаат дека физичката форма на Џошуа во никој случај нема да влијае на мечот.

„Не мислам дека е важно – ќе тежам колку што тежев и на 1 јуни“, изјави Руиз за Скај спорт.

„Знам дека тој многу тренираше, изгуби тежина и разработи нови такктики и напади, различни комбинации. Подготвен сум за сè што ќе предложи. И јас нема да правам ништо поразлично. Трениравме напорно и се фокусиравме на брзината и техниката.

Секој боксер треба да има доверба дека е подобар од неговиот противник. Не потценувам никого во рингот. Знам дека ЕЏ изгледа добро. Моја работа е да им докажам на сите дека повторно не се во право. Вежбам уште од 6 години, овие титули ми значат многу. Ги исполнив моите соншта и сега ќе се остварам друг.

Не сакам да предвидувам нокаути, но ќе умрам во името на победата и ќе ги вратам титулите во Мексико. Тешкиот дел заврши, време е да се забавуваме на 7 декември“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО