Емилијаненко договара меч против 160 кг тешкиот стронгмен! На вреќата покажа како ќе се бори против него (ВИДЕО)

Многу интересен меч е на повидок за Александар Емелијаненко. Имено, рускиот тешкаш го предизвика на борба својот сонародник, моќникот (стронгмен) и кревач на тегови Михаил Коклјаев.

Двоецот вербално се согласи за мечот, а Емелијаненко во видео објавата на Инстаграм потврди дека контактирале четири промоции кои сакаат да го организираат овој двобој.

„Многу е пофално што го прифати предизвикот да се прсметаш против мене во рингот, иако се тоа само зборови. Можае да ти кажам дека ми с ејавија четири промоции кои се заинтересирани за организирање на нашата борба. Сакам да се подготвиш за тоа и те молам да не паднеш веднаш. Возу, подготви се за битка“, рече помладиот брат на легендарниот ММА шампион Федор.

Емелијаненко претходно објави снимка од салата каде што ја растураше вреќата и му се закани на повеќекратниот освојувач Строгмен на лигата на шампионите со тежина од 160 килограми.

„Вака ќе се боксирам против тебе, ако се осмелиш да се соочиш со мене“, напиша Емелијаненко со видеото.

https://www.instagram.com/p/Bv3GajPhN-_/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bv6Lj3jh1aG/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО