Мек Грегор, Каванаг и Јелчиќ праќаат пораки со поддршка на тешко болниот борец на Глори (ВИДЕО)

Пријатели, соборци и спортската заедница испраќаат пораки за поддршка на Роби Хагеман во борбата за живот.

27-годишниот холандски кикбоксер е неизлечиво е болен. Има тумор на мозокот, а во петокот ја имаше првата операција.

Неговиот татко пред некое време преку социјални мрежи објави дека туморот и откако ќе биде отстранет пак ќе израсне.

„Не е добро. Роби е неизлечиво болен. Тоа е откриено со последното скенирање. Лекарите ќе го отворат черепот и ќе го отстранат туморот, но тој за некое време пак ќе израсне. Не можам да кажам ништо за очекуваниот животен век, само дека туморот е многу агресивен. По операцијата лекарите ќе одлучат дали ќе оди на терапија со зрачење“, објави Тео Хагеман преку социјалните мрежи.

„Рабитот“ (Зајакот) добива пораки со поддршка од сите страни.

Навивачите на ПСВ од Ајндховен за време на натпреварот со Цволе истканаа транспарент со поддршка на борецот, а Хагеман во минатото делеше лекции по кик бокс ма неколку играчи на ПСВ.

Холанѓанецот му беше спаринг на Конор Мек Грегор за реваншот со Нејт Дијаз.

„Озлогласениот“ му испрати порака со поддршка, како и тренерот на „Срејт бласт џим“Џон Каванаг и поранешниот член на СБГ, Лука Јелчиќ.

https://www.facebook.com/robbie.hageman/posts/2345361448830975

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО