Емил Павлов: Верувам во себе, можам да дојдам до златниот медал!

Исторсикото второ финале на Емил Павлов и можноста да се освои вториот златен медал на европските првенства, а негов вкупно трет од континенталните шампионати, го запишува неговото име во историјата на македонското и европското карате.

Вчера Павлов се пласира во финалето во категоирјата до 60 килограми на Европското карате првенство во Нови Сад, Србија, и ја продолжи традицијата на освојување медали од европските првенства на македонските репрезентативци.

Ова се неговите први впечатоци по обзедувањето на борба за златниот медал.

„Сите борби беа тешки, но првата борба ми беше најтешка! Губев, до последните секунди успеав да изедначам, а потоа на изгласување победив. Потоа работите се нормализираа и во сите други борби влегов доста самоуверено и не им дозволив на противниците да ме изненадат. Некои од нив ги победив и со висок резултат“.

За финалната борба со Анџело Кершченцо (Италија) вели:

„Италијанецот го знам. Го имам победено на Премиер лигата во Салзбург. Доста квалитетен натпреварувач. Но, верувам во себе дека можам да го победам со добра тактика. Мислам дека можам да дојдам до златниот медал“.

Резултати
-60 кг – 33 натпреварувачи
 Емил Павлов – Доминик Имрич (Словачка) 1-1
Емил Павлов – Јасин ел Атар (Холандија) 6-2
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 3-2
Полуфинале
Емил Павлов – Калвинс Калинс (Латвија) 5-2
Финале
Емил Павлов – Анџело Кершченцо (Италија)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО