Емил Павлов: Како светски вицешампион ќе атакувам на медал на Светските игри

„Очекувам пред се добар настап и одлични борби. Како актуелен светски вицешампион ќе атакувам на медаал на овие Светски игри“, вели најдобриот македонски каратист Емил Павлов за Ипон.мк, кој вчера отпатува на 11. Светски игри (СИ) во Бирмингем, САД, од 7 до 17 јули.

За конкуренцијата Павлов вели:

„Покрај мене други учесници од мојата категорија ќе бидат најдобрите 8 од целиот свет, со исклучок на олимпискиот и светскиот сампион Стивен да Коста, кој е повреден и нема да учествува, Покрај мене ќе бидат и натпреварувачи од Јапонија, Грција, Италија, Чиле, Бразил, САД и Унгарија..

Се чуватвувам одлично и сум во одлична форма. Имав добри подготвки, прво во Македонија, а потоа и на кампот во Швајцарија“.

За она што значи да се учествува на еде ваков настан:

„За мене овие Игри се голема цел, бидејки за прв пат учествувам на еден ваков настан и сум привот македонски каратист кој ќе има шанса да настапи и да ја претставува Македонија на овие Светски игри“.

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов денес отпатува на 11. Светски игри (СИ) во Бирмингем (САД, од 7 до 17 јули).

Да потсетиме, Павлов е двократен европски првак (од Тампере во 2014 година и од Нови Сад во 2015 година), двапати трет (во Монпелје во 2016 година и во Гвадалахара во 2019-та), носител на бронза од Европските игри (Баку, 2015 година) и светски вицепрвак од Дубаи 2021 година.

За овој голем настан Павлов беше на карате-камп (од 20 до 28 јуни) во Швајцарија во градот Бург, блиску до Цирих, под водство на Шпанецот Раул Kуерва Мора, кој пред една година почна како тренер. На кампот имаше каратисти од повеќе земји, Шпанија, Швајцарија, Јапонија, Ирска, Кипар, Јордан, Луксембург и други држави.

Тој е единствениот македонски каратист што обезбеди настап на овие Игри, а се квалификував со освоеното второ место на последното Светско првенство. На Игрите обезбедија пласман првите тројца од последното Светско првенство, четворица од актуелната светска ранг-листа и еден претставник од земјата-домаќин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО