Емил Павлов е во финалето на Европското првенство и ќе се бори за второто злато во кариерата

 

Емил Павлов (-60 кг) се бори за втор златени медал од европските првенства во карате откако вечерва со победата против Калвинс Калинс од Естонија во полуфиналето на Европскиот шампионат во Нови Сад, Србија, славеше со 2-0. Павлов постави рекорд во македонското карате на европските првенства, бидејќи ова ќе му биде трет медал по златниот и бронзениот.  

Претходно Павлов ги совлада Доминик Имрич (Словачка) 1-1 (прв освоен поен), Јасин ел Атар (Холандија) 6-2 и Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 3-2.

Во сабота во финалето ќе се бори со Анџело Кершченцо (Италија).

Вероника Костовска (-61 кг) стигна до репасажот каде што е поразена од Тјаса Ристиќ (Словенија) 0-2. Шансата во репасажот не ја искористија Ненад Келебиќ и Драгана Манговска.

Ангела Мојсовска (-68 кг) во претпладневните часови се избори за борба за бронзениот медал.

Утре на програмата се екипните натпервари во борби и кати.

На 53.Европско сениорско првенство во Нови Сад настапуваат 662 натпреварувачи од 52 држави.

Резултати
Кумите – мажи:
-60 кг – 33 натпреварувачи
 Емил Павлов – Доминик Имрич (Словачка) 1-1
Емил Павлов – Јасин ел Атар (Холандија) 6-2
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 3-2
Полуфинале
Емил Павлов – Калвинс Калинс (Латвија) 5-2
Финале
Емил Павлов – Анџело Кершченцо (Италија)

-67 кг – 41
Ненад Келебиќ – Бурак Ујгур (Турција) 0-1
Репасаж
Ненад Келебиќ – Жес Росеило (Белгија) 0-2

-75 кг – 42
 Азиз Исмаил – Павел Артамонов (Естонија) 1-2

-84 кг – 38
Берат Јакупи – Нико Дрексел (Германија) 5-0
Берат Јакупи – Ајхан Мамајев (Азербејџан) 1-4

+84 кг – 35
Жарко Арсовски – Тајрон-Дарнел Ларди (Холандија) 0-1

Кумите – жени: 
50 кг – 30
Дра­га­на Ман­гов­ска – Катарина Сушац (Босна и Херцеговина) 3-1
Дра­га­на Ман­гов­ска – Серап Озелчик Арапоглу (Турција) 0-3
Репасаж
Дра­га­на Ман­гов­ска – Марија Коулинкович (Белорусија) 0-2

-55 кг – 34
Си­мо­на За­бор­ска – Карлота Френандез Осарио (Шпанија) 0-0

-61 кг – 38
Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска  – Габриеле Марозаите (Литванија) 2-0
Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска  – Анита Серогина (Украина) 0-0
Репасаж
Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска  – Тјаса Ристиќ (Словенија) 0-2

+68 кг – 37
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Ема Греч (Малта) 4-2
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Викторија Исаева (Русија) 0-0
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Дарија Орзечовска (Полска) 0-0
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Ирина Заретска (Азербејџан) 0-7
За бронза
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Ивона Чавар (Босна и Херцеговина)

Кати поединечно:
34 натпреварувачи
Фе­рри Исиќ – Николај Бондарев (Молдавија) 5-0
Ферри Исиќ – Матија Бусато (Италија) 0-5
38 натпреварувачки
Пу­ли­ксе­ни­ја Јо­ва­но­ска – Еми Сел (Англија) 5-0
Пу­ли­ксе­ни­ја Јо­ва­но­ска – Ана Крешченко (Украина) 3-2
Пу­ли­ксе­ни­ја Јо­ва­но­ска – Дорота Балцијарова (Словачка) 1-4

Утре настапуваат:

Екипно – мажи: Емил Пав­лов Бе­рат, Ја­куп, Жар­ко Ар­сов­ски, Азиз Ис­ма­ил, До­ан Ос­ма­ни, Мар­тин Не­сто­ров­ски и Ви­ктор Кр­стев­ски;
32 репрезентации
Македонија – Хрватска
Екипно – жени: На­та­ша Сте­фа­нов­ска, Мо­ни­ка Сте­фа­нов­ска, Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска и Ан­ге­ла Мој­сов­ска;
36 репрезентации
Македонија – Норвешка

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО