Ангела Мојсовска ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство во Нови Сад

Ангела Мојсовска ќе се бори за бронзениот медал на 53.Европско сениорско првенство во Нови Сад-Србија, во категоријата до 68 килограми.

Мојсов­ска нанижа три победи против Ема Греч (Малта) 4-2, Викторија Исаева (Русија) 0-0 и Дарија Орзечовска (Полска) 0-0, а во полуфиналето загуби од репрезентативката на Азербејџан Ирина Заретска (Азербејџан) 0-7. Во сабота таа ќе има директна борба за бронзениот медал и ќе ја чека разврската во репасажот за да ја дознае противничката.

Ненад Келебиќ (-67 кг) ќе се бори во репасажот, почнувајќи од почеток, бидејќи загуби во првото коло од Турчинот Бурак Ујгур кој се пласира во финалето.

Во игра се усште Емил Павлов, Вероника Костовска, Драгана Манговска и Симона Заборска. Останатите наши натпреварувачи остануваат без пласман.

Утре на програмата се екипните натпревари во борби и кати.

На ЕП учествуваат 662 натпреварувачи од 52 држави.

Резултати
Кумите – мажи:
-60 кг – 33 натпреварувачи
 Емил Павлов – Доминик Имрич (Словачка)

-67 кг – 41
Ненад Келебиќ – Бурак Ујгур (Турција) 0-1

-75 кг – 42
 Азиз Исмаил – Павел Артамонов (Естонија) 1-2

-84 кг – 38
Берат Јакупи – Нико Дрексел (Германија) 5-0
Берат Јакупи – Ајхан Мамајев (Азербејџан) 1-4

+84 кг – 35
Жарко Арсовски – Тајрон-Дарнел Ларди (Холандија) 0-1

Кумите – жени: 
-61 кг – 38
Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска  – Габриеле Марозаите (Литванија) 2-0
Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска  – Анита Серогина (Украина)

+68 кг – 37
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Ема Греч (Малта) 4-2
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Викторија Исаева (Русија) 0-0
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Дарија Орзечовска (Полска) 0-0
Ан­ге­ла Мој­сов­ска – Ирина Заретска (Азербејџан) 0-7
За бронза
Ан­ге­ла Мој­сов­ска

Кати поединечно: 
34 натпреварувачи
Фе­рри Исиќ – Николај Бондарев (Молдавија) 5-0
Ферри Исиќ – Матија Бусато (Италија) 0-5

38 натпреварувачки
Пу­ли­ксе­ни­ја Јо­ва­но­ска – Еми Сел (Англија) 5-0
Пу­ли­ксе­ни­ја Јо­ва­но­ска – Ана Крешченко (Украина) 3-2
Пу­ли­ксе­ни­ја Јо­ва­но­ска – Дорота Балцијарова (Словачка) 1-4

 Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО