ЕКСКЛУЗИВНО – кумановецот Даниел Стефановски: Сакам да станам светски првак! (ФОТО/ВИДЕО)

Daniel Stefanovski nokautira

Даниел Стефановски (82,5 кг) пред една недела стана шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау. Стефановски има 20 години и до сега одработил 29 борби – 26 победи (15 со КО), 2 порази и 1 нерешена во К-1 и талјандски бокс и е европски првак во К-1.

Daniel Stefanovski udira mavasi

Даниел живее и работи во Цирих, Швајцарија, каде и што е роден.

„Моите родители по потекло се од Куманово“, изјави Даниел за IPON.mk.

Првите чекори во боречките спортови ги прави на 13 години.

„Почнав да тренирам мај тај и кик бокс. Со Европската титула ја освоив во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми. Исто така, два пати по ред сум шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година“, раскажува Стефановски за почетоците и успесите во неговата кариера.

Daniel Stefanovski so znameto

Но, неговите амбиции не застануваат на овие титули, туку тој сака да биде најдобар во светот.

„Мојата мисла и понатаму да продолжам со напорните тренинзи, со цел, еден ден да го исполнам сонот за кој што живее секој борец – да станам светски првак и да учествувам во најдобрите организации во светот“, категоричен е Стефановски

Како што истакна Даниел, тој е првак на Швајцарија во категоријата до 75 кг за 2013 година во тајландски бокс и европски првак во 2014 во верзијата ВПМЦ. На 9 јули ќе се бори за титулата европски првак во ИФЦ со Србинот Душан Којиќ во Винтертур во Швајцарија.

Инаку Стефановски настапува за „Фајтџим“- клуб за ММА, борење, бразилско џиу-џицу и тајландски бокс.

Овде може да го погледнете видеото од борбата во Арау.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON