Екс предизвикувачот за светската титула загина опсипан со дожд од курушуми

Две недели по убиството на братот на Хулио Цезар Чавез, во мексиканската држава Сонора животот го загуби поранешениот предизвикувач за светската титула во бокс.

39-годишниот Давид „Уништувач“ Лопез загинал во својот роден град Ногалес, откако камионот во кој се возел со еден пријател би опсипан со дожд од куршуми.

До доаѓањето на полицијата на местото на настанот Лопез веќе починал.

Лопез боксерската кариера ја почна во 1995 година и го освои ВБЦ Латин појасот. Најважната борба ја имаше во јуни 2011 година, кога во мечот за титулата на ВБА во супервелтер категорија загуби со едногласна одлука од Остин Троута.

Последниот меч го одработи пред две години. Имаше 42 победи (24 КО), 16 порази и еден нерешен резултат.

https://youtu.be/W11u5kiYv98

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО