Борбата на Пакијао и Хорн „под лупа“ на ВБО

Борбата за титулата во верзијата на ВБО, во велтер категорија помеѓу легендарниот Мани Пакјао и Австралиецот Џеф Хорн, ќе биде повторно прегледан и анализиран, но до промена на одлуката може да дојде само доколку се утврди дека станува збор за измама.

Како што соопшти ВБО, контроверзната борба, во која Хорн победи со едногласна одлука на судиите, ќе биде повторно прегледана и анализирана, поради големиот притисок од страна на јавноста, но и поради формалниот приговор што го вложи Филипинскиот одбор за спорт и забава (ГАБ).

„Би бил среќен доколку ГАБ приложи докази дека станува збор за измама и дека е прекршен законот“, рекол претседателот на ВБО, Франциско Валкарел.

Тројца судии донесоа одлука со која Хорн на поени го победи легендарниот Филипинец, а за исправноста на нивната одлука ќе одлучува петчлениот совет на ВБО.

Валкарел меѓутоа нагласил дека тројцата судии се „чесни и професионални“ и верува дека правилно му ја доделиле победата на Хорн.

Џеф Хорн најави дека ќе прифати реванш, доколку Пакјао тоа го побара. Филипинецот според договорот може да побара реванш, што значи дека наскоро може да има нова борба помеѓу двајцата боксери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО