Гаете во одличнотоп деби за УФЦ го нокаутира Џонсон (ВИДЕО)

Џастин Гаете (18-0, 1-0 УФЦ) успешно дебитираше во УФЦ.

Поранешниот шампион на ВСОФ/WSOF во лесна категорија во големата битка во финалето на Ултимејт фајтер во Лас Вегас на крајот на втората рунда го нокаутира Мајкл Џонсон, откако тој самиот двапати претходно беше сериозно разнишан.

За неговиот настап доби 100.000 долари бонус како учесник во борбата на вечерта и добитник на наградата за изведба на вечерта. Покрај Џонсон, кој беше втор учесник борбата на вечерта, 50.000 долари бонус доби и Тесија Торес која со давење ја победи Хулијана Лима.

https://youtu.be/gQ3_rAnz8jY

Џеси Тејлор (31-15, 1-1 УФЦ) со сабмишн во втората рунда го совлада Диего Лим (12-6, 1-4 УФЦ) и стана победник на Ултимејт фајтер. Во оваа сезона наречена  „Redemption“ () настапуваа велтерашите кои веќе се појавија во претходните сезони на ТУФ-во и во УФЦ. Тејлор со победата доби и околу 300.000 долари.

https://youtu.be/EKmHcXpzi84

Даркар Клосе (8-0-1, 2-0 УФЦ му го) нанесе првиот пораз на Англичанецот Марк Дикиеси победувајќи го со поделена одлука, додека Ц.Б. Долавеј со едногласна одлука на судиите беше подобар од Ед Херман.

https://youtu.be/PIKmiNz42dg

https://youtu.be/mIDdQ9p5pck

По четири последователни порази, поранешен предизвикувач за титулата на УФЦ во лесна категорија, Греј Мејнард, е 2-1 во последните три борби. 38-годишниот Силеџија со едногласна одлука го победи Терута Ишихара.

https://youtu.be/Fp8TFsTjFwI

ТУФ 25 финале:
Џастин Гаете – Мајкл Џонсон (ТКО, Р2)
Џеси Тејлор – Лима Диего преку сабмишн (давење од позади) – Р 2, 00:43
Дракар Клосе – Марк Дијакиеза (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29 Дијакиеза, 29-28)
Џаред Канониера – Ник Роерик (ТКО, Р3)
Бред Таварес – Илија Теодору (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Јордан Џонсон – Марсел Фортуна (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Ангела Хил – Ешли Јодер (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Џејмс Краузе – Том Галичио (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Ц. Б. Долавеј – Ед Герман (едногласна одлука, 29-28, 29-27, 29-27)
Тесија Торес – Хулијана Лима (сабмишн, давење од пзоади, Р2)
Греј Мејнард – Терутора Ишихара (едногласна одлука, 30-26, 30-26, 30-26)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО