Еди Херн признава дека Тајсон Фјури во моментов е најдобриот тешкаш во светот

Тајсон Фјури по победата против Дилиен Вајт повтори дека тоа е последната борба во неговата кариера, но многумина се сомневаат во неговите зборови.

Меѓу нив е и промоторот Еди Херн кој го нарече Џипси Кинг голем блефер.

„Тајсон Фјури е одличен во тоа, одлично блефира. Се уште не ги имал најголемите борби, но признавам, тој е најдобриот тешкаш во светот во моментов“, вели Еди Херн и додава:

„Но, тешко дека е најголемиот. Со победите против Вајлдер, Кличко и Вајт, не можеме да го споредиме со Мухамед Али, Џо Фрејзиер или Ленокс Луис. Не можеме да кажеме дека е најголем ако двапати го победи Вајлдер“.

Познатиот промотер смета дека Фјури треба да продолжи со боксот.

„Ако ги победи Џошуа или Усик, ќе добие најголема почит од мене. Му се восхитувам на Фјури за неговите победи со нокаут. Реков дека тој не е борец кој со еден удар ќе ги нокаутира противниците, сепак мислам така“, додава Еди Херн и продолжува:

„Не го ценев до мечот против Кличко, мислев дека нема шанси, а победуваше речиси во секоја рунда. Не му дадов шанса ниту на првиот меч против Вајлдер, исто како што и не верував дека ќе го нокаутира Вајт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО