Еди Херн истакнува дека Џермејн Френклин е сериозен противник на Ентони Џошуа

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа ќе се обиде да се искачи на врвот во категоријата по двата порази од Александар Усик.

Британецот оваа година би можел да има три меча, барем така најави неговиот промотер Еди Херн.

Сопственикот на Мечрум бокс пред десет дена изјави дека Џошуа ќе ја има првата борба против Американецот Џермејн Френклин, кој во ноември минатата година загуби со мнозинска одлука од Дилиен Вајт.

Двајцата треба да боксираат на 1 април на настан во лондонската О2 арена

„Некои критичари велат дека Џермејн Френклин е лош противник, а во исто време истакнуваат дека требало да го победи Дилиен Вајт. Не можете да ги туркате двете тврдења“, рече Еди Херн и додаде:

„Според нив, Џошуа без самодоверба е крајот на приказната, а тој се согласува на меч против борец кој според многумина бил подобар од Вајт. Џошуа го прифати мечот по два порази во низа. Не сака лесни борби. Френклин е сериозен противник и мечот против него ќе биде одличен. Џошуа сака да се врати со победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО