Погледнете ја најавата за настанот УФЦ 284 на кој Махачев го брани појасот против Волкановски (ВИДЕО)

Следниот викенд двајца од најдобрите борци на ранг-листата П4П на УФЦ ќе се соочат во октагонот.

Ислам Махачев на 12 февруари на настанот УФЦ 284 во Перт ќе го брани појасот во лесна категорија против Александар Волкановски.

Дагестанецот во октомври минатата година ја освои титулата победувајќи го Чарлс Оливеира, првата одбрана на појасот ја бара против шампионот во перо категорија Волкановски (25-1), кој има 12 победи во УФЦ, односно 22 триумфи по ред.

И Махачев (23-1) е во одлична форма. Има 11 победи во низа, а последните пет ги доби со прекин (четири со принуда и технички нокаут).

Забележливо е поголем од Австралиецот со македонско потекло, кој доаѓа од пониска категорија, а многумина се сомневаат колку ќе биде тешко да се одбранат боречките обиди на одличниот Махачев.

Во конасловната борба ќе се сретнат Јаир Родригез и Џош Емет.

Во пресрет на новиот голем настан најголемата светска ММА организација објави УФЦ 284 Одбројување:

https://www.youtube.com/watch?v=UXers1r3Cog&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО