Еди Херн истакна дека Џошуа сака да биде многу поактивен и уште повеќе да боксира

Пред Ентони Џошуа е можеби најважниот меч во неговата кариера. Британскиот боксер се бори со Украинецот Aлександр Усик во Саудиска Арабија на 20 август и сака да ги врати шампионските појаси во тешка категорија на ВБА, ИБФ и ВБО.

Доколку Џошуа го добие тој меч, тогаш најверојатно ќе започне преговори со шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури за обединување на титулите.

Но, ако загуби, тогаш ќе се оддалечи од врвот во тешка категорија. Ќе му требаат две, три победи за да добие шанса да се бори за титулата.

Промоторот на Џошуа Еди Херн ги смирува навивачите на поранешниот шампион и тврди дека Џошуа ќе биде многу поактивен во борбата.

„Ентони сака уште повеќе да боксира и да биде многу поактивен. Во декември повторно ќе се врати во рингот“, изјави Еди Херн.

И познатиот велшки боксер и поранешен шампион во средна категорија Џо Калзаге не е сигурен дека Џошуа го направил вистинскиот потег кога решил да ги започне подготовките за мечот против Усик со новиот тренер Роберто Гарсија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО