Еди Алварез нокаутиран во дебито на ОНЕ Шампионатот (ВИДЕО)

Дебито на Еди Алварез (29-7) во ОНЕ Шампионатот помина спротивно на очекувањата.

Поранешниот Белатор и УФЦ шампион во лесна категоријата е нокаутиран во првата рунда од четвртфиналето на Гран-прито на ОНЕ Чемпионшип.

29-годишниот Русин Тимофеј Настјухин (13-4) се покажа како многу подобар боксер и пеесет секунди пред крајот на првата рунда го нокаутира шест години постариот Американец.

Русинот во полуфиналето ќе се бори со подобриот од мечот Нонори Банари и Лоуен Тинанес.

Борбата Алварез-Настјухин е 10-та по ред.

https://www.youtube.com/watch?v=0zYuBQ2IIU4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО