Аоки и Бибијано Френандес си ги вратија ОНЕ Чемпионшип титулите (ВИДЕО)

Шиња Аоки (43-8-1НЦ) на настанот во Токио по вторпат стана шампион на ОНЕ Шампионатот во лесна категорија.

35-годишниот Јапонец пред своите навивачи со арм- триаголник давење во средината на првата рунда го заспа двократниот првак Едуард Фолајанг (21-7).

Ова беше нивната втора борба. Во првата во 2016-тата, Флипинецот во третата рунда го нокаутира Аоки.

Бибијано Фернандес (23-4) во реваншот со Кевин Белингон (20-6) си ја врати титулата во бантам (20-6). 31-годишниот Филипинец е дисквалификуван во втората рунда поради недозволени удари со лактот.

Мијанмарската ѕвезда Аунг Ла Нсанг (25-10-1НЦ) по вторпат го нокаутира Кен Хасегава (16-4-1) и ја одбрани титулата во средна категорија.

Нсанг кој е и првак во полутешка категорија ја договори следната одбрана во категоријата до 102,1 килограми (полутешка во ОНЕ) против шампионот во тешка категорија Брендон Вера.

https://www.youtube.com/watch?v=DGyBsZW55aw

https://www.youtube.com/watch?v=ivnyhcbnPxw

https://www.youtube.com/watch?v=j4OVlkPc_iA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО