Џозеф Паркер, поранешен светски шампион во тешка категорија на ВБО, се поврзува како потенцијален противник на Филип Харговиќ во елиминацискиот меч за одредување на првиот предизвикувач за титулата на ИБФ чиј сопственик е Ентони Џошуа.
„Овој меч против Харговиќ е нешто што ние како тим ќе мора да разговараме и да ги процениме ризиците и придобивките“, изјави Дејвид Хигинс, менаџер на Паркер, за Скај спорт.
Да потсетиме дека Филип Харговиќ требаше да се сретне со Мајкл Хантер во последната елиминациска пресметка во тешка категорија на ИБФ, но оваа средба веќе не е изводлива откако Хантер се повлече од борбата. Штабот на Филип Харговиќ во моментов бара нов противник.
„Очигледно, Џозеф е високорангиран во три од четирите авторитетни организации. Не е неопхдно да брза за погрешна битка во некоја од нив, но ако некој сака да оствари контакт и да понуди понуда, секогаш ќе се дискутираме за тоа. Тој (Паркер) навистина би се соочил со секого и кадебило, ако е вистинската можност и вистинското време. На маса треба да биде ставена понуда, за да се разгледа “, заклучи Хигинс.
28-годишниот Паркер има биланс од 29 победи (21 со нокаут) и 2 порази (од Ентони Џошуа и Дилиен Вајт). Рангиран е на 9-то место меѓу најтешките во авторитетното рангирање на страницата boxrec.com. Пред две недели, Новозеланѓанецот го победи Дерек Чисора, забележувајќи втора последователна победа во 2021 година, по онаа на неговиот сонародник Жуниор Фа.
Филип Харговиќ има биланс од 12 победи, од кои 10 со нокаут. Хрватскиот талент е рангиран и на 9-то место на ранг-листата на ВБЦ во тешка категорија. Во онаа на авторитетниот боксерски сајт boxrec.com, 28-годишниот боксер е број 22.