Нема кој да го сопре Терунофуџи (ВИДЕО)

Терунофуџи, последниот сумо борач кој го освои големиот јапонски сумо турнир, го продолжува патот кон нова титула. Монголецот, кој го има вториот највисок ранг – „Озеки“, ја доби борбата во 6.коло рунда на турнирот „Нацу Башо“, совладувајќи го својот сонародник „Меагашира-5“ Хошориу со зафатот „Јорикири“.

Со победата тој остана прв во натпреварите со 6 победи и без порази.

На второто место во моментот се: „Озеки“ Такакеишо и „Секиваке“ Такајасу. Имаат 5 победи и 1 пораз.

Во денешното 7. коло „Озеки“ Терунофуџи ќе се сретне со „Секиваке“ Таканошо, кој има биланс од 3 победи и 3 порази.

Јапонската асоцијација „Сумо“ донесе одлука да се отвори палатата Кокугикан, каде што се одржува натпреварувањето, за гледачите на четвртиот ден од Нацу Башо. Трибините на палатата може да се изполнат максимум до 50%.

Поради повреда двајцата сумо борачи со највисок индивидуален ранг – „јокозуна“ – Хакухо и Какујуру го пропуштија натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=RmchIOkbJMM&t=1000s

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО