Нгану го покажа шампионскиот појас на студентите во родниот Камерун (ФОТО)

Френсис Нгану е еден од најуспешните спортисти на Камерун. Шампионот во тешка категорија на УФЦ беше поканет да го покаже појасот и да разговара со студенти од Универзитетот во Буеа, Камерун.

„Беше одлично што имав можност да разговарам со студентите на Универзитетот во Буеа. Имав одлични моменти додека бев таму и бев изненаден од нивната радост, среќа и возбуда”, напиша Предаторот на Инстаграм.

Неодамна, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, објави дека се подготвува реванш меѓу Нгану и Дерек Луис.

Потсетуваме, Френсис Нгану ја освои титулата во тешка категорија на УФЦ, брутално нокаутирајќи го поранешниот шампион Стипе Миочиќ во главната пресметка на УФЦ 260, што се одржа кон крајот на март.

Африканецот е во страотна форма, откако победи на последните 5 меча во УФЦ со нокаут. Пред нокаутот против Миочиќ на почетокот на втората рунда, Камерунецот ги совлада Картис Блејдс, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос и Жаирзињо Розенструик. Победата над секој од нив беше постигната за околу или нешто повеќе од 1 минута.

Вкупниот биланс на „Предаторот“ е 16 победи и само 3 порази (од Дерек Луис, Стипе Миочиќ и Зумана Сисе). Сите победи се со прекин (12 со нокаут и 4 со завршница).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО