Џошуа повика австралиски двометраш да спарингува за борбата со Усик

Австралиецот Демси Меккин е најновото засилување на Ентони Џошуа. 30-годишниот боксер, кој има обратен гард, е повикан од светските шампиони на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО да го подготват на најдобар начин за претстојната борба со Александар Усик.

Еј Џеј ќе ги брани појасите против поранешниот апсолутен шампион во полутешк категорија на 25 септември. Мечот е на фудбалскиот стадион на Тотенхем во Лондон.

Меккин има скор од 19 последователни победи. Висок е 198 сантиметри, а главната причина што беше вклучен во групата за спаринг со Џошуа е обраниот гард со кој се бори.

„Пред околу еден месец добивме понуда да станеме дел од кампот АЈ. Меѓутоа, поради ограничувањата, не можев да пристигнам. Решивме не само да дојдеме тука како спаринг натпреварувач, туку дури и да се преселиме во Англија“, откри Меккин.

Тој додаде дека боксот во неговата татковина е во сериозен застој и се надева дека со одењето на Островот ќе направи сериозен напредок.

„Ништо не се случува со боксот во Австралија, бидејќи имам два меча за две години. Тука ќе имам можност да се развивам. Моментално сум блиску до Топ 10 на ВБО и ИБФ. Победата може да ме стави во игра за место на предизвикувач“, вели Демси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО