Џошуа: Поголем маж сум од Вајлдер. Тој е она што би рекле кучка

Откако Енди Руиз изненадувачки го победи Ентони Џошуа, Дионтеј Вајлдер коментираше дека ЕЏ никогаш не бил вистински шампион и дека неговата кариера се состои од лаги и подароци.

Минатиот декември британскиот тешкаш му се одмазди на Руиз и си ги врати појасите за светски шампион, а долго време се воздржуваше негативно да го коментира поразот на Вајлдер во реваншот со Тајсон Фјури во кој ја загуби титулата на ВБЦ.

Американецот би требало со Фјури повторно да се бори до крајот на годината, ако се создадат услови, а „Бронзениот бомбардер“ се покажа како многу негативен во очите на јавноста откако прво изјави дека нема да бара изговори за поразот, за дополнително да пронајде најде повеќе од нив, од кои некои звучеа апсолутно неверојатно.

Џошуа тогаш зборуваше дека не е во негов стил да напаѓа човек додека е на подот, но гостувајќи на подкастот на SI Boxing очигледно заклучил дека поминало доволно време па може слободно да го каже што мисли.

„О, да, отидов во фиоката и извадив долг список на работи што сакав да ги кажам. Имам многу да кажам за Вајлдер, но не го ударате човекот додека тој е на подот. И тоа беше на врвот на списокот. Морам да се држам до тоа”, рече Џошуа.

“Но, сигурно јас и Вајлдер не сме иткаени од исто платно. Тој е она што тие би рекле … започнува со к, а завршува со а. Јас не сум таков. Јас сум поголем маж од него. Не одам на Интернет да објавувам глупости. Единствениот пат кога мене можевте да ме фатите да зборувам сешто беше со Дилиен Вајт и Џарел Милер. Освен тоа, бев амбасадор на овој спорт. Се обидувам да имам чист имиџ, да ги претставувам моите спонзори, да го претставувам ДАЗН на вистински начин, да се обидам да се држам подалеку од типичните стереотипи за тешкашите. Тешко е, но тие исто така можат да се запалат и да кажат сешто кога тоа е потребно”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО