Фенч: Кога Мајк би тренирал 6 недели би го нокаутирал Вајлдер за една минута

Поранешниот тренер на Мајк Тајсон, Џеф Фенеч смета дека „Железниот Мајк“ лесно би го нокаутирал Дионтеј Вајлдер во своите години.

Освен Тајсон и пред поразот на Вајлдер од Тајсон Фјури многу не го ценеше сонародникот, а неговиот поранешен тренер вели дека кога 53-годишниот Тајсон би се подготвувал шест недели да го нокаутира поранешниот шампион на ВБЦ за една минута.

Најмладиот светски шампион во тешка категорија се пензионира во 2005 година.

Вајлдер постигна 42 победи од кои 41 се со нокаут, но Фенеч верува дека американскиот нокаутер ја губи контролата кога ќе прима удар во брадата.

„Боксот не е ист како порано. Ви гарантирам дека ако Мајк Тајсон тренира шест недели ќе го нокаутира Вајлдер за една минута”, изјави Фенеч за Спортинг њуз.

„Тајсон би ги изудирал тие момци. Ако ги нокаутира Тајсон Фјури кој е одличен борец, но не и голем удирач, Мајк би ги убил. Овие денешните момци не се на исто ниво.

„Верувам дека Мајк, кога би тренирал, би ги победил и во овој моментот. Фјури има некои други вештини, но Дионтеј Вајлдер има само удар и ништо повеќе. Ако го погодиш, готов е. А Мајк не промашува”.

Џеф Фенеч во текот на кариерата освојуваше титули светски шампиони во три тежински категории (бантам, супербантам, перолесна). Во 2005 година му стана тренер на Тајсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО