Хабиб: Родителите се клучевите за Рајот

Хабиб Нурмагомедов многу ги почитува родителите и почитта кон нив е подигната на пиедесталот во родната земја. Исламот ја охрабрува потчинетоста и почитувањето на родителите и забранува на лицето дури да го крене тонот на неговиот родител. Нурмагомедов е строг кон ова и честопати е предмет на потсмев за почитувањето на неговиот татко. „Орелот“ не крие дека успесите ги постигнал благодарение на Абдулманап, кој уште од многу рана возраст го избра и го однесе на вистинскиот пат.

Хабиб не прави ништо без да се консултира со татко му и изјави дека треба да ги почитуваме родителите, затоа што тие се клучот за рајот. Денешните времиња се тешки и шампионот не советува да внимаваме на родителите, затоа што еден ден ќе ги изгубиме и ќе жалиме.

„Во ова тешко време за сите нас посветете внимавајте не само на вашето семејство, туку и на вашите родители, затоа што родителите се клучевите за Рајот. Почитувајте ги родителите, затоа што оние кои веќе ги нема – жалат и би дале сè што имат за да седат со нив 5 минути на чаша чај“, истакна Хбаиб.

По неколку дена започнува месецот на Рамазан и Нурмагомедов ќе посте. Во кафезот планира да се врати до крајот на август.

https://www.instagram.com/p/B_H_EMBlRmV/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО