Џошуа наброја шест противници со кои сака да се пресмета до крајот на кариерата

Ентони Џошуа (23-1) веќе го има списокот на борци со кои би сакал да се сретне до крајот на својата боксерска кариера.

Зборувајќи за Скај спортс, светскиот шампион во тешка категорија рече дека сака да ги обедини сите титули во тешка категорија пред да замине во пензија, а потоа издвои шест имиња со кои би сакал да ги одмери силите во рингот до крајот на кариерата.

Еднаш кога му било поставено прашањето ЕЏ веднаш испукал четири потенцијални ривали, а по мала пауза додал уште двајца.

„Усик, Вајлдер, Фјури, Ортиз … Ковнацки и Милер. Тоа се шест имиња”, откри актуиелниот светски шампион на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО.

Со ниту еден од наведените боксери Џошуа немал шанса да се сретне, а најблиску до пресметка беше со Џарел Милер. Потсетиме, „AJ“ и „Големото бебе“ требаше да се борат во јуни 2019 година, но Милер падна на допинг-тестирањето, а неговата замена набргу стана Енди Руиз Јуниор….

Шестте противници кои ги сака Џошуа до крајот на кариера:

Александар Усик (17-0)

Дионтеј Вајлдер (42-1-1)

Тајсон Фјури (30-0-1)

Луис Ортиз (31-2)

Адам Ковнацки (20-1)

Џарел Милер (23-0-1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО