Џошуа: Како англиски борец не го добивам вниманието на светските медиуми

Шампионот ИБФ, ИБО, ВБА, ВБО, во тешка категорија Ентони Џошуа верува дека не го добива истото внимание и почит од светските медиуми како и другите боксери, бидејќи тој е Англичанец.

„Минатата година беше тешка за мојата кариера. Минатата година беше навистина тешка“,рече Џошуа.

Како британски борци во тешка категорија, никогаш не добиваме почит од светските медиуми, кои во најголем дел ги контролира Америка. Причината е што сме Англичани. Американците се грижат за Американците“.

Џошуа верува дека бил целосно отпишан од медиумите, откако ја загуби титулата од Енди Руиз во јуни 2019 година.

Во реваншот во декември Џошуа доминираше над Руиз и ја доби борбата со судиска одлука.

„Тогаш се чувствував, а и знам, дека сите ме отпишаа. Си реков „добро“. Ми рекоа дека не треба да одам на реванш, дека сум луд …

Зборувам за луѓето кои се мои идоли и роднини. Најубавото од дуелот во Саудиска Арабија беше тоа што си докажав на себе, без оглед на тоа што ми кажуваат идолите или експертите, никој не може да излезе против мојата сопствена интуиција.

За тоа по двобојот има едно клипче во кое Еди Херн скока, мојот менаџер Фреди скока, а јас цврсто стојам на земја. Се сеќавам дека реков „кога ќе ги победам сите треба да ми се поклонат“. Тоа беше мојот момент во кој се чувствував како император. Кажував приказни и ги покрив со акција. Тоа беше најубавото нешто во во Саудиска Арабија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО