Дана Вајт зборуваше за иднината на Конор Мек Грегор

Годинава Дана Вајт изјави дека планира да го спротивстави Конор Мек Грегор со победникот од мечот Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

Но, сега кога работите се променија за УФЦ 249, што значи тоа за ирската ѕвезда?

Тони Фергусон ќе се бори против Џастин Гејџи за привремената титула во лесна категорија, а Вајт призна дека тоа влијае и на неговите планови за Мек Грегор.

Без разлика кој е сопственик на титулата, тој нема да може наскоро да се бори против Нурмагомедов поради ситуацијата, но и заради Рамазанските пости, за време на кои Дагестанцот не се натпреварува.

„Тоа се однесува на сите. Три борби веќе се одложени. Работиме напорно и сè уште не знам во оваа ситуација каде се наоѓаат сите.

Конор многу сакаше реванш со Хабиб. Хабиб, Тони и Гејџи нема да се борат порано од септември.

Никој не можеше да го предвиди ова. Се случи, но продолжуваме и ќе видиме како се одвиваат работите“.

Пред да се случи пандемијата на коронавирус, се појавија гласини за разговорите за дуелите на Мек Грегор во текот на летото, а Гејџи беше идентификуван како најверојатен противник.

Но, дури и ако Мек Грегор се бори ова лето, да речеме против Нејт Дијаз, сепак, тој ќе сака шампионски меч до крајот на 2020 година. Се разбира, ако победи во следната борба и ако носителот на титулата не е повреден и е согласен да се бори уште еднаш оваа година.

„Сите сметаа дека Гејџи заслужува повеќе од шампионски меч отколку Конор“, продолжи Вајт и додаде: „Немаше како подобро да се наредат работите“.

Ја имаме средбата Гејџи против Тони. Оваа борба има смисла. И двајцата се топ борци. Хабиб засега е аут и победникот од овој меч ќе се сретне со него“.

Сега останува да се види дали Мек Грегор ќе сака воопшто да се бори, и ако посака, против кого.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО