Џошуа и Вајлдер преговараат за борба во 2023 година

Претставниците на боксерите Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа преговараат за борба следната година, објави на социјалните мрежи познатиот новинар Мајкл Бенсон. Според Бенсон, луѓето од двата штабови веќе контактирале меѓу себе и разговараат за битката преку е-пошта.

Во својата последна борба, Ентони Џошуа беше поразен со поделена одлука од украинскиот боксер Александар Усик.

Ова беше втора средба на борците во рингот. На нивната прва средба Усик победи со едногласна одлука. Ентони Џошуа има 27 борби во професионалниот бокс, во кои има 3 порази.

Вајлдер, од своја страна, се врати минатиот месец. Успеа да го нокаутира Роберт Хелениус на три секунди пред крајот на првата рунда. Со оваа победа Дионтеј ја прекина серијата од 2 порази по ред што му ја нанесе Тајсон Фјури. Вајлдер има 42 победи, 2 порази и 1 реми.

Заедничко за Џошуа и Вајлдер е тоа што тие се поранешни шампиони. И двајцата се моментално без титула, но тоа може да се промени во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО