Канело Алварез го покажа своето Ферари

Боксерската суперѕвезда Канело Алварез го покажа своето Ферари.

Неприкосновениот шампион во супер средна категорија објави кратко видео на Инстаграм. Тој го покажа своето црвено Ферари. Богатството на Алварез се проценува на речиси 200 милиони долари. Има освоено повеќе светски титули во 4 дивизии од полусредна до полутешка категорија, вклучително и обединети титули во 2 од тие дивизии.

Канело во кариерата успеа да забележи 58 победи, 2 порази и 2 нерешени. Последен пат беше виден во рингот во септември во Невада. Тогаш направи трилогија со Генади Головкин. Алварез победи со одлука.

На почетокот на мај оваа година Канело се обиде да стане шампион во полутешка категорија, но не успеа. Тој беше поразен од Дмитри Бивол со одлука на судиите. Поразот ја прекина неговата серија од 15 победи и беше негов прв по речиси 10 години.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО