Џошуа, Чисора и Херн го гледаа УФЦ Лондон во друштво на Вајт

Ентони Џошуа, поранешен светски шампион во тешка категорија на ВБА Супер, ВБЦ, ИБФ и ИБО, го гледаше УФЦ Фајт најт 204 што се одржа во Лондон во текот на викендот со неговиот промотор Еди Херн, соборците Дерек Чисора и Фрејзер Кларк и претседателот на УФЦ Дана Вајт.

Боксерските ѕвезди од Англија треба да бидат задоволни од фактот што нивниот сонародник Том Аспинал го победи Александар Волков во првата рунда од настанот. Победи за Островот забележаа и Арнолд Ален (УФЦ непоразен), Џек Шор (УФЦ непоразен), Моли МекКен, како и ѕвездата во подем и најмладиот борец на организацијата, Мохамед Мокаев, познат и како „Новиот Хабиб“.

„Ја живееме и дишеме борбената игра“, напиша Ентони Џошуа на својот Инстаграм профил.

Деновиве се дозна дека поранешните соборци од репрезентацијата на Англија – Ентони Џошуа и Џо Џојс можат да се соочат во рингот. Ова го објави менаџерот на Југернаут Френк Ворен.

Од друга страна, се зборуваше за меч меѓу Дионтеј Вајлдер и Еј Џеј. Сепак, се уште нема ништо официјално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО