Џошуа бара меч против Фјури, а се уште верува во победата на Усик во борбата за апсолутен шампион

Британскиот боксер Ентони Џошуа повтори дека ќе го поддржи Aлександaр Усик против Тајсон Фјури во мечот за обединување на титулите во тешка категорија.

Имено, Усик и Фјури за титулата апсолутен светски шампион ќе се борат на 17 февруари во Саудиска Арабија, кога на маса ќе се најдат појасите на ВБО, ИБФ, ИБО, ВБА и ВБЦ од кралската дивизија.

По двата порази од Усик Џошуа победи три меча во низа, го победи Џермејн Френклин, потоа Роберт Хелениус, а минатиот месец беше подобар од Ото Валин.

Во понеделникот официјално беше објавена неговата следна борба на 8 март против Френсис Нгану, а Еј Џеј потврди дека верува оти Украинецот ќе биде подобар од неговиот сонародник.

„Ќе биде добра борба, а Усик ќе победи“, рече Ентони Џошуа, а потоа продолжи:

„А на двајцата им посакувам добро здравје и сите нека излезат од рингот. Нивната борба нема да влијае на мојот живот и кариера. Не сум од оние навивачи кои ќе плачат затоа што некој победил или изгубил. Со среќа на двајцата“.

Но, сигурно е дека Џошуа ќе ја следи таа борба со голем интерес, бидејќи не ја крие желбата еден ден повторно да се бори за светската титула.

А во која насока би можела да оди неговата кариера, ќе видиме по натпреварот против Нгану.

За очекување е дека поразениот од борбата Фури – Усик ќе ја активира клаузулата за реванш, па тогаш АЈ својата шанса би можел да ја бара со борба за појас, а тоа е оној од ИБФ.

Имено, ИБФ претходно соопшти дека во случај на реванш, појасот ќе му биде одземен на победникот.

Во тој случај Џошуа треба да се бори против првиот на листата на предизвикувачи на ИБФ, Филип Хрговиќ.

А Џошуа сè уште ја сака долгоочекуваната пресметка со Фјури.

„Може да се случи, сега ми е шансата да се борам со Тајсон Фјури. Мислам дека тоа е најдобриот меч за навивачите и за мене“, подвлече Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО