Хамзат Чимаев посакува меч против еден од најдобрите во историјата

Многу ММА борци покажаа интерес да се борат со еден од најдобрите во историјата, Џон Џонс. Двократниот шампион на УФЦ моментално е на страна за што подобро да ја залечи повредата што ја доби неколку недели пред настанот на УФЦ 295 во ноември минатата година и борбата против Стипе Миочиќ.

Боунс неодамна откри дека имал и операција на лактот на левата рака.

Последниве недели особено гласен беше привремениот шампион на УФЦ во тешка категорија Том Аспинал, а истото го направи и Френсис Нгану порано кога беше на тронот на најголемата светска ММА организација.

Несомнено е дека другите високи борци во тешка категорија би биле среќни да се соочат со Џонс во октагонот, но има и други кои со задоволство ја делат арената против најдобрите.

Хамзат Чимаев се бори во категоријата до 84 килограми, а дел од кариерата ја мина и во полусредна категорија, но без разлика на разликата во килограмите, со задоволство би ги тестирал вештините против Џонс.

„Џон Џонс е најдобриот борец во светот. Има најмногу одбрани на титулата и е шампион во две категории. Тој е најмладиот шампион во историјата на УФЦ. Сите знаат за Џон кога зборувате за ММА. Натпреварот против него би бил меч од соништата за секој борец кој сака да влезе во историските книги. Се надевам дека нема наскоро да се пензионира. Ги гледав неговите тренинзи и научив многу од нив. Еднаш дури и разговаравме за заеднички тренинзи“, рече Хамзат Чимаев и откри дека со задоволство ќе се сретне со Џонс во октагонот:

„Не знам во која тежинска категорија би бил, бидејќи сега е тешкаш. Меч против него е тежок за секого, но ако се боревме меѓу себе сигурно ќе победев. Џонс двапати се бореше со мојот тренинг партнер Александар Густафсон, беа добри натпревари. Станав борец тренирајќи со Алекс. Секако дека сакам да се борам со Џонс, тоа би било историска борба. Можеби сега е време да се бориме со него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО