Џон Фјури: Тајсон би се поиграл со Усик и Џошуа, тој е повисоко ниво за нив

Џон Фјури, таткото на шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, неодамна изјави што мисли за потенцијалните противници на неговиот син – Александар Усик и Ентони Џошуа.

Љубителите на боксот се надеваат дека барем еден од нив би можел да му биде противник во иднина по неговата борба на 28 октомври во Ријад против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану.

Таткото на Фјури изјави дека Усик и Џошуа не се закана за Тајсон со своето знаење, а единствена сериозна закана била Дионтеј Вајлдер, но тој веќе три пати го претепал.

„Тајсон би ги победил Усик и Џошуа за една вечер, без проблем. Не се доволно добри и Тајсон би се поиграл со нив. Тој е повисоко ниво. Усик и Џошуа се овде долу, а мојот син е таму горе. Ќе го докаже тоа, едноставно е премногу добар за нив“, изјави Џон Фјури и додаде:

„Засега не гледам кој би можел да му се закани на Тајсон, кога ќе го видам прв ќе ве информирам. Тогаш ќе дојдам и ќе кажам: „Чекај, тоа е непријателот, неговиот следен противник“. А дотогаш – ништо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО