Џо Роган: Не е фер Алекс Переира да се бори во средна категорија

Џо Роган верува дека Алекс Переира има огромна предност во однос на другите борци во средна категорија на УФЦ.

Бразилскиот нокаутер и поранешен шампион во две дивизии на Глори неодамна се бореше на УФЦ 281 каде го победи својот долгогодишен ривал Израел Адесања. Тоа се случи со ТКО во петтата рунда. Со победата Переира стана првиот човек што го запре „Последниот стилбендер“ во кик бокс и ММА.

Долгогодишниот коментатор на УФЦ смета дека е чиста измама Переира да се бори во оваа дивизија.

„Да, Алекс Переира веројатно имаше 100 килограми во борбата со Адесања.

Ова е чиста глупост. Во основа, ова е санкционирана измама. Навистина е, но сите го прават тоа“, рече Роган на својот подкаст.

https://www.youtube.com/watch?v=duhZ3p9au88&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО