Федор Емелијаненко: Борбата со Бадер ќе биде последна во мојата кариера!

Руската ММА легенда Федор Емелијаненко најави дека неговиот реванш со Рајан Бадер ќе биде последна борба во неговата кариера. Пред само неколку часа Белатор официјално ја објави борбата меѓу нив. ММА ветераните ќе се борат за титулата во тешка категорија.

Нивната борба ќе биде насловна на настанот Белатор 290 кој ќе се одржи на 4 февруари во Калифорнија, САД. „Последниот император“ последен пат го нокаутира Тимоти Џонсон кон крајот на минатата година. Сега се подготвува за последното поглавје од неговата славна кариера.

„Сакам да се соочам со шампионот, да имам реванш со Рајан Бадер. Во последната подготовка не испадна се како што сакав. Се надевам дека овој пат е подобро.

Да, ова ќе биде мојата последна борба. Ова ќе биде крај на мојата кариера. Имам тим од мои момчиња. Ќе им отворам пат на младите. Го имаме ММА сојузот на Русија, кој произведе многу шампиони.

Ќе го развиваме овој спорт во нашата земја“, изјави Емелијаненко во живо за Шоутајм.

Емелијаненко има скор од 40-6-1 во ММА и е во победничка серија од 2 борби. Федор заврши 31 од неговите борби и секој од неговите 6 порази дојде до финиш. Нашироко се смета за најголемиот ММА борец во историјата на тешка категорија.

Ќе биде бајковит крај за Федор ако се повлече како шампион во Белатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО