Џервонта Дејвис за Рајан Гарсија: Ќе го исклоцам пак

Џервонта Дејвис постигна фантастична победа со нокаут над Френк Мартин, потоа налета на стариот познаник Рајан Гарсија.

Средбата всушност беше пријателска меѓу поранешните непријатели, а „Тенк“ дури и се насмеа на маицата што Гарсија ја носеше на настанот. Напред на маичката на Гарсија пишуваше „Тенк бр.1 фан“, додека на задната страна беше напишано „Rematch Me B*tch“.

„Тој е луд“, рече Дејвис за Гарсија. „Тој е луд да зборува за реванш. Рече дека сум најдобар со 135 до 142 фунти. Тој го кажа тоа. Рече дека сака повторно да се бори со мене. Пак ќе му го сритам задникот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО