Џејк Пол против Мајк Тајсон: Го правиме тоа оваа година!

За време на неговото последно појавување во шоуто на Џими Кимел, боксерската легенда Мајк Тајсон изјави дека е заинтересиран за борба против Џејк Пол.

55-годишниот боксер изјави дека Пол е доволно искусен за да му го привлече вниманието, пофалувајќи го за неговиот придонес во спортот.

„Тој е доволно паметен, да“, му рекол Тајсон на Пол и додаде: „Му признавам, доволно е паметен да победи.

Ги победува луѓето кои не би требло да може да ги победи. Мора да му признаеме.

А тој направи толку многу за боксот. Повеќе од 70 милиони луѓе го гледаат како се бори. Светските шампиони немаат толку многу следбеници. Значи она што го прави за боксот е сензација. Никој не треба да го мрази заради тоа. Им помага на сите да заработат пари. Зошто луѓето се лути на него?“

Набргу потоа, 25-годишниот Пол прокоментира:

„Благодарност до големиот Мајк Тајсон за почитта и можноста. Тоа го правиме оваа година“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО