Џејк Пол и Бен Аскрен ќе боксираат на стадионот „Мерцедес-Бенз“

Поранешниот двократен шампион во ММА, Бен Аскрен и познатиот јутубер Џејк Пол ќе боксираат на стадионот „Мерцедес-Бенз“ во Атланта, Џорџија. Веста ја сподели Трилер. На стадионот има повеќе од 70.000 луѓе, но не е јасно дали американските власти ќе дозволат на трибините да има навивачи.

Пол има две победи во боксот со нокаут и верува дека ќе може да го нокаутира Аскрен. Џејк тренираше со Хорхе Масвидал, кој пред една година го нокаутира Аскрен за 5 секунди во УФЦ.

Аскрен, пак, нема боксерско искуство, а неговите вештини во стој се на многу ниско ниво. Нејасно е како ќе настапи Бен во деби-битката. Сепак, влегува во рингот само поради парите и навистина нема што да изгуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО