Дионтеј Вајлдер: Имам 99 проблеми, но јас сум богат крал

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер продолжи сo активностa на социјалните мрежи. 35-годишниот ветеран не се борел повеќе од една година, но овој факт не му пречи. „Бронзениот бомбардер“ ужива во животот и на социјалните мрежи истакна дека е среќен.

Пред една година ги загуби непоразениот статус и титулата во тешка категорија од Тајсон Фјури. Втората борба ја водеа во Невада, каде Фјури доминираше и победи со нокаут во 7-та рунда.

Имаше клаузула за непосреден реванш, но штабот на Вајлдер никогаш не ја активираше, па важноста и истече. Тајсон повеќе не сака да се бори со него и го цели Ентони Џошуа.

Не е јасно што е следно во боксот за Вајлдер, но не е загрижен затоа што е богат.

„Имам 99 проблеми, но сепак сум богат крал. Јас сум благословен и среќен“, изјави Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО